cart-icon0
0,00 ден.

СТОМАЧНИ БОЛЕСТИ

Вовед

Стомачните заболувања се едни од најчестите заболувања, кои настануваат од различни инфекции, вируси, промени на времето и друго. Постојата многу начини за тоа како да бидат спречени од страна на медицинита, но Алтернативната медицина нуди ефикасни решенија со помош на чаеви и чајни комбинации.

Заболувања

НАЈЧЕСТИ заболувања и болести на овие органи се: болестите на устата, болестите на хранопроводот, болести на дванаесет палачното црево, болести на тенкото црево, болести на дебелото црево, и други болести пр. Хемороиди итн.

Терапија

ПРВИОТ ДЕЛ е составен од чаеви, чајни комбинации, мацерати, тинктури, медовини, кантариони, чија база на изработка се исклучиво неотровни лековити тревки од Преспанското поднебје со изразено висок и редок квалитет. Комбинациите на терапијата се прават на основа на претходно доставена дијагноза, во чие комбинирање влегуваат и до сто врсти на тревки. Нивните дејства се многубројни и многукратни, а се однесуваат на целосно чистење на организмот, исправување на метаболизмот и хормоналниот систем, крвниот и лимвниот систем, со изразити диуретични, антисептични, антибактериски, xолагогни, холеритични и многу други својства кои помагаат при лекување на овие заболувања.

ВТОРИОТ ДЕЛ се состои од РЕЖИМ на исхрана, соодветен на дијагнозата и болеста, работен на основа на долгогодишното искуство, како по теориите на Карпер, Гинтер, Бројс, Зараи, Дајмонт и други светски имиња али прилагоден на нашиот менталитет, навиките, поднебјето, микроклиматските услови и поврзаноста на човекот со местото во кое живее и опстојува и производите во околината. Со исхраната се постигнува исправување на биоритамот, метаболичката рамнотежа, внесување и до 70% дневно животно течности преку овоштието и зеленчукот, правилно јадење и права храна исправен и навремен катаболизам и метаболизам, детоксикација на органите и организмот, јакнење на одбраната, крвниот, хормоналниот и лимфниот систем.

ТРЕТИОТ ДЕЛ е решавањето на проблемот на психолошкиот фактор - душата, преку почести и директни контакти со човекот третман на човекот како човек а не како предмет на кој мора да му се стави на знаење дека телото е составено од три работи тело, ум и душа, во кои мора да се води сметка и за Надежта, Љубовта и Верата, и со делување, заедничко на сите три работи може да се постигнат саканите ефекти и да се реши проблемот на болеста и тоа како трајно решение.

Кои чаеви се земаат и како?

Чај за црнодробни болести (ХЕПАТО-МИКС) - 1 супена лажица од чајот се попарува со 1 литар врела вода се остава да отстои 3 часа се процедува и се пие 5 пати на ден по 200 милилитри , на празен стомак.

Чај број 3/1 (МИКС-ДЕТОКС) - 1 кафено лажиче се вари со 200 милитри вода (да зоврие) се остава да излади 30 минути и се пие на празен стомак, 3 пати на ден.

Преспанска горчица 250/500 мл- се пие 3 пати по едно кафено лажиче на празен стомак.

Медовина се зема 2 пати на ден по две кафени лажички на празен стомак.

Исхрана

РУЧЕК од 10 часот до 18 часот : За ручек, прво се јаде салата (основата да е од свежа зелка), зачинета со повеке маслиново масло, малку крупна сол и јаболков оцет (салатата се зема 20 минути пред да се руча). За јадење може да се јаде од следниве работи - компир - ориз - махунарки - соја - леќа - грашок. Морска риба - кисело млеко, јогурт, палента - пченкарно брашно и црни диететски лебови.

ВЕЧЕРА од 18 часот до 20 часот : Се вечера или леб и кисело млеко или варена пченица. Пред или после вечерата БРОЈСОВИОТ СОК. ЧАЕВИТЕ СЕ ЗЕМААТ ПРЕКУ ЦЕЛ ДЕН, пред или после јадењата према упатсвото.

Многу корисно кај потешките болести да се користи козјо млеко - 1 литар козјо млеко се вари со два лимона, измиени и пресечени на пола, заедно со млекото. Откако ќе се излади, лимоните се стегаат во млекото, и млекото се става низ газа да се процеде. Се пие на гладно барем 3 пати на ден по 150-200 милилитра на гладно.

Комплет производи

За овие болести соодветствува комплет производи:

Комплет 1

ХЕПАТО-МИКС 200 гр, ХЕПАТО-МИКС 3/1, ХЕПАТО-МИКС 4/1, ПРЕСПАНСКА ГОРЧИЦА 250 мл, МЕДОВИНА.

Комплет 2

ХЕПАТО-МИКС 200 гр, ХЕПАТО-МИКС 3/1, ХЕПАТО-МИКС 4/1, ПРЕСПАНСКА ГОРЧИЦА 500 мл, МЕДОВИНА.