cart-icon0
0,00 ден.

ДЕБЕЛИНА

Вовед

Условите и начинот на живеење, брзиот и динамичен живот, полн со нервози и стресови, постојана напнатост, неможноста за прилагодување на новонастанатата состојба, непочитување на природните законитости, биоритамот и друго а особено кај женскиот пол, доведуваат често пати до одредено пореметување на таканаречено дебелеење кое може да се третира и како болест и како заболување, бидејќи поставките за таква појава се секогаш врзани за одредени органски пореметувања и се последица на други случувања во организмот што може да имаат третман на болести. Дебелеењето е процес кој што многу лесно се навикнува и се заработува а тешко се отстранува поради сугестијата и стравот за отстранување на лошите навики, да не ослабне крвта, да не се ослабне нагло, да не виси кожата и сл. што се апсолутно неточни претпоставки.

Заболувања

НАЈЧЕСТИ заболувања и болести поради дебелината се: Дијабетес, кардиоваскуларни заболувања, остеоартикуларни заболувања, и важно е да се напомене дека и самата ДЕБЕЛИНА се третира како болест, поради разни пореметувања на метаболизмот, хормоналниот систем, разни други проблеми и болести.

Терапија

ПРВИОТ ДЕЛ е составен од чаеви - чајни комбинации кои се припремаат и пијат према дадените упатства од треварот, чие комбинирање опфаќа 50-70 различни врсти на лековити тревки во чии што дејства има антисептички, антибактериски, антивирусни, холеритични, холагогни, стомахични, диуретични и други својства со што се врши целосно чистење на крвниот и лимфниот систем, крвните и лимфните садови, се средува хормоналниот систем и се врши сервисирање и чистење на сите органи во абдоменот. Во составот на чаевите има и компоненти кои ја пресекуваат желбата за почести и прекумерни јадења, а содржат и доста компоненти кои што имаат влијание на мозокот и нервниот систем да благовремено ја издадат наредбата навреме да се престане со јадење.

ВТОРИОТ ДЕЛ е режим на исхрана со којшто се исправува метаболичката рамнотежа, природниот биоритам, метаболизмот и катаболизмот, избор на правилна исхрана со приоритет на овошје и зеленчук и начин на правилност на јадењето.

ТРЕТИОТ дел којшто исто така е важен е психолошкиот фактор којшто мора да биде арбитер при спроведувањето на горните два дела и со чија помош треба да се отстранат лошите навики и да се јаде и пие како и останатиот животински свет којшто ги почитува во целост овие правила, односно никој не јаде и не пие повеќе од она што му е потребно.

Кои чаеви се земаат и како?

Во два литри зовриена вода се ставаат 3 супени лажици Фит Микс, две супени лажици Хепато Микс 4/1 и една супена лажица Хепато Микс 3/1.

Се остава да отстои 12 часа и се пие во текот на денот, не наеднаш.

Се пие 6 дена се прави пауза еден ден, и континуирано се пие недели (најмалку).

Се процедува и се пие преку цел ден, подобро е пред да се јаде, на празен стомак.

Дневно се пие од 3 до 5 литра.

Преспанската горчица се пие 3 пати по едно капаче од шишето на гладно

Еликсирот се пие 3 пати по една супена лажица на гладно.

Исхрана

Од 6 до 11 часот да биде време за појадок и пожелно е да се конзумира една таблета калциум + селен, една таблета железо + магнезиум, двапати по едно омега 3, 30 до 50 грама суво грозје, 100 грама јогурт, овошје и зеленчук по желба, 200 до 500 грама Бројсов сок и чаевите против дебелеење.

Од 11 до 18 часот да биде време за ручек каде јадењата се приготвуваат исклучиво со маслинов зејтин и крупна сол. Јадењата не смее да се гарнираат и се земаат поединечни јадења, на пример се земаат само компир или само ориз. Не смее да се меша скроб со беланчевини, но може да се јаде на секои 3 часа едно од следните јадења: Ориз, компир, боранија, грашок, леќа, сојавита морска риба, кисело млеко, јогурт и црни диететски лебови. Јадењата може да се запржуваат со количински мали запршки и 20 минути пред секој оброк да се зема сезонска салата каде основата секогаш да биде домати или свежа зелка.

Од 18 до 20 часот да биде времето за вечера каде може да се вечера кисело млеко или јогурт или сезонска салата. Надвор од она што е заокружено не смее да се јаде нити пие. Овошје може да се зема во било кое време по желба и количински неограничено.

Комплет производи

За овие болести соодветствува комплет производи:

Комплет 1

ФИТ-МИКС, ХЕПАТО-МИКС 3/1, ХЕПАТО-МИКС 4/1, ПРЕСПАНСКА-ГОРЧИЦА 250 мл, ЕЛИКСИР ОД ДИВИ ЈАБОЛКА.

Комплет 2

ФИТ-МИКС, ХЕПАТО-МИКС 3/1, ХЕПАТО-МИКС 4/1, ПРЕСПАНСКА-ГОРЧИЦА 500 мл, ЕЛИКСИР ОД ДИВИ ЈАБОЛКА.