Приказната зад името
Rosa canina е латинското име на дивата ружа, кај нас позната како шипинка. Трнлива однадвор, а богата со плод однатре. Токму нејзината истрајност и природност нè поттикнаа да го избереме ова име.
Во средината на осумдесеттите години, едно тешко семејно искуство нè насочи кон подлабоко запознавање со лековитите растенија и традиционалното билкарско знаење.
Следуваа години посветени на фитотерапијата, стручната литература и знаењата што со генерации се пренесувале и чувале.
Со годините, учењето и работата со растенијата прераснаа во практично искуство, а од него произлегоа и првите билни формулации. Од тие почетоци постепено се развиваше она што денес го создаваме како Роза Канина.
Билка по билка. Сезона по сезона.
Создаваме производи што и самите би ги користеле и би му ги понудиле на сопственото семејство.
Rosa canina е латинското име на дивата ружа, кај нас позната како шипинка. Трнлива однадвор, а богата со плод однатре. Токму нејзината истрајност и природност нè поттикнаа да го избереме ова име.
Ги проверуваме потеклото и соодветноста на суровините пред употреба.
Работиме според утврдени формулации и постапки.
Ги следиме и документираме потребните параметри.
Се грижиме за соодветно пакување, означување и документација за секоја серија.
Користиме хартија, картон и стакло што може повторно да се употреби или рециклира.
Во текот на работата создаваме малку органски отпад, главно од растителни остатоци.
Дел од електричната енергија ја обезбедуваме преку сопствени соларни централи.
Резултат од децениско искуство, внимателен избор на суровини и постојано усовршување на формулацијата.
Нејзиното име ја носи Преспа, местото од кое започна приказната и со кое останува поврзана и денес.
Дознај повеќе за производот
Со одговорност кон природата и грижа во секој чекор.
Нашите производи