🇲🇰 Македонски 🇬🇧 English 🇷🇸 Srpski 🇭🇷 Hrvatski 🇸🇮 Slovenščina 🇦🇱 Shqip

Зошто природа, знаење и традиција?

Природата, знаењето и традицијата се дел од нашата приказна уште од почетокот. Секој од овие три зборови носи дел од она што сме го учеле, создавале и пренесувале низ годините.

Преспанското Езеро и планините на зајдисонце

Природа

За нас природата има конкретно место. Тоа е Преспа.

Тука растенијата отсекогаш биле дел од секојдневието. Токму во оваа средина започна нашиот интерес кон лековитите растенија и постепено се разви идејата од која се роди Роза Канина.

Затоа природата не е нешто што е додадено во нашата приказна. Таа е дел уште од почетокот.

Знаење

Интересот кон растенијата со време прерасна во потреба подобро да ги разбереме.

Во средината на осумдесеттите години, едно тешко семејно искуство нè насочи кон подлабоко проучување на лековитите растенија и традиционалното билкарско знаење.

Следуваа години учење, стручна литература, фитотерапија, теренска работа и практично искуство. Од тоа знаење постепено се родија првите билни формулации и темелите на Роза Канина.

И денес веруваме дека знаењето никогаш не е завршено. Секогаш има нешто ново што треба да се научи, провери и надгради.

Традиција

Традицијата за нас е искуство што се создава со време.

Во повеќе од четири децении работа, дел од знаењето, рецептурите и искуството природно го пренесуваме понатаму. Но истовремено се менуваат технологијата, стандардите и начинот на кој работиме.

Затоа традицијата не ја гледаме како нешто што треба едноставно да остане исто. Ја гледаме како почит кон она што сме го научиле, со желба тоа знаење да продолжиме да го надградуваме.

Природа е Преспа и средината од која започна нашиот интерес кон растенијата.

Знаење се годините учење и практично искуство.

Традиција е она што се пренесува низ годините и продолжува да се надградува.

За нас, тоа не се само три зборови. Тие се дел од нашите почетоци, но и од начинот на кој продолжуваме понатаму.