🇲🇰 Македонски 🇬🇧 English 🇷🇸 Srpski 🇭🇷 Hrvatski 🇸🇮 Slovenščina 🇦🇱 Shqip

Рика Зараи и природната исхрана

Што значи природната исхрана во секојдневието?

За нас, тоа прашање започнува во кујната, со намирниците што ги избираме, начинот на кој ги подготвуваме и идеите што ни помагаат да внесеме повеќе разновидност во оброците. Делата на Рика Зараи се еден од изворите преку кои ја разгледуваме оваа тема.

 

Од книгите до домашната кујна

Во Ma médecine naturelle („Моја природна медицина“), Рика Зараи пишува за природната медицина и употребата на растенијата. Во Mes recettes saines et gourmandes („Мои здрави и вкусни рецепти“), вниманието го насочува кон домашното готвење. Првата книга дава поширок контекст за нејзиниот интерес за растенијата, а втората ја доближува темата за исхраната до секојдневната трпеза.

Блиски ни се и двете теми, бидејќи ги проучуваме растенијата и од нив подготвуваме билни чаеви тинктури и медови, а во домашната кујна нè привлекува идејата дека грижата за исхраната и уживањето во храната можат да одат заедно. Понекогаш е доволно да пробаме нова комбинација со намирниците што ги имаме или поинаку да подготвиме сезонско овошје и зеленчук.

 

Природната исхрана во секојдневието

Кога пишуваме за природната исхрана, нè интересира како овошјето, зеленчукот, билките и зачините наоѓаат место во оброците што ги подготвуваме секој ден. Понекогаш е доволно да споиме две намирници што обично ги користиме одделно или да додадеме зачин што ќе му даде поинаков вкус на познат рецепт.

На страницата за здрави навики ќе најдете наши современи комбинации, меѓу кои смути со јаболко, круша и бадеми и мед со лимон и ѓумбир. Можете да ги испробате како што се предложени или да ги приспособите според сезоната, намирниците што ги имате дома и сопствениот вкус.

 

Книгата „Моја природна медицина“ е достапна за преземање преку нашата библиографија, и преку следниот линк.

 

Овој текст е дел од нашето долгогодишно проучување на литературата за природната исхрана и има информативна и едукативна цел.