cart-icon0
0,00 ден.
Дома Блог Глуварче - корен

Глуварче - корен

  • Објавено на 4 септември 2022
Глуварче - корен

Коренот од глуварче содржи тараксацин, тритерпенски соединенија, тараксол, тараксерол, танин, смоли, органски киселини, слуз, ситотерол, каратеноиди, флавоноиди, витамин Ц и инулин.

Дејства со кои се карактеризира: холагогно, аперитивно, дигестивно, диуретично и друго.

Стимулативно дејствува на желудникот, цревата, панкреасот и жолчката и предизвикува зголемено лачење на соковите на овие органи.

Се користи како средство за подобрување на апетитот, дигестијата, работа на жолчка, црниот дроб и панкреасот.

Ги чисти жолчката и црниот дроб од отрови и штетни материи, талози, песок и камчиња и овозможува проток на жолчните сокови низ црниот дроб и панкреасот.

Докажано е дека има диуретични својства и се користи против заболувања на бубрезите, уретрите, бешиката.

Коренот има позитивно дејство и смирувачки делува на централниот нервен систем и се користи како средство за смирување.

Коренот се користи за намалување на шеќерот кај ДИЈАБЕТЕС, дијабетичари поради присуството на природниот анулин.

Може да се користи со други чајни комбинации и чаеви, како што се Хепато Микс, Урино Микс, Феми Микс и други.

Начин на употреба:

Една супена лажица иситнет корен (неколку парчиња ако се покрупно сечени) се попаруваат со 500 мл. жешка вода и се остава да отстои преку ноќ.

Наутро се вари 5 -7 мин. Се процедува и се пие во текот на денот на гладно три пати по 150 до 200 мл. и може да се засладува со мед и лимон.