Жалфијата содржи етерско масло, танини, горчливи материи, пикросалвин, флавоноиди, смола, органски киселини, витамин Ц, цинеол, пинен, салвен и др.
Се карактеризира со следниве дејства: антисептичко, експекторантно, стомахично, андидијафоретично и др.
Се употребува како лек против габни и стомачни заболувања, средство за искашлување и разводнување на шлајм од бели дробови и организмот.
Ги омекнува и отстранува секретите од воспалени слузници. Се користи против Бронхит, Трахеит, Ларингит, Фарингит Грип и Настинки.
Се користи против воспаленија на дишни органи , устата и грлото.Се користи како средство за подобрување на функции на жолчка и црниот дроб, за зголемување на лачењата на соковите во дигестивниот систем.
Се користи против бактерии, како што е Ешеришија коли, ентерекоки, стафиолококи и друго.
Се користи против заболувања на желудникот и цревата , против гастрит, чиреви колит , дијареи, метеоризам и друго
Корисна е против заболувања на уринарни патишта од хронични проблеми и бактерии.
Се користи и како средство против потнеење од тешки болести и потнеење од нервно потекло. Често се користи како зачин во исхраната.
Начин на употреба:
Една супена лажица се прелева со 0,5 л, жешка вода се остава да отстои 30 до 60 минути.
Се процедува и се пие два до три пати по 150 мл.
Истото се користи и за гаргара. Може да се засладува со мед и лимон.
Жалфијата може да се користи во комбинација со други чаеви и чајни комбинации како што се Урино Микс, Хепато Микс, Феми Микс и слично.
Нема штетни дејства и нус појави со ниедно лекарство.
Не ствара навики и при долготрајна употреба.