cart-icon0
0,00 ден.
Дома Блог Шипинка

Шипинка

  • Објавено на 5 април 2022
Шипинка

Шипинката, позната под латинскиот назив Rosa canina, e високо трновита, висока околу 2 м. и ја има скоро сегде, најмногу на места низ шума или како огради покрај патишта, и по меѓи, во цела Европа, Северна Африка, Северна и Западна Азија.

Таа се бере како тврд и недозреан плод со светло црвена портокалова боја, на почеток на есен или на крај на лето, што зависи од областа, надморската висина и годината.

Во нејзиниот состав има голема количина на витамин Ц, Б2, додека пак тоа што е го дава убавиот мирис при подготовка на чаеви, е малата процетна присутност на етеричните масла.

Се користи како витамински напиток, се користи за проливи кај деца, како благ адстрингенс на оболени црева, семето се употребува и како диуретик.

Како диретик се користи во комбинација со клекинки, зечји трн, свила од пченка и коски од вишни. оваа смеса со по 20 гр. вкупно три супени лажици се кува 5 мин. во пола литар вода по 3 сати се цеди и се пие како диуретичен чај.