Псоријазата е доста честа кожна болест.
Доколку вие или некој ваш близок е зафатен од оваа дерматолошка состојба, веројатно би сакале да дознаете нешто повеќе за истата.
Во овoј пост се надеваме дека ќе добиете неколку корисни информации.
Псоријаза вулгарис е хронички генетски детерминирана папулосквамозна дерматоза, клинички и хистолошки добро дефинирана, а етиолошки и патолошки сеуште нѐ расветлена.
Псоријазата е една од најчестите дерматози чиј процент изнесува 5%. Се смета дека од 3% до 5 % од човештвото боледува од псоријаза.
Зборот „псоријаза“ доаѓа од грчкиот збор „псора“ што значи фини, меки лоспи.
Покрај кожата псоријазата често ги зафаќа и ноктите.
Единствено што може со сигурност да се тврди е дека псоријазата е хередитарно заболување каде е докажано генетското условено пореметување на функцијата на кожата. Докажано е дека псоријазата се наследува аутосомално доминантно, правилно или неправилно со варирања од 20% до 60 %.
Не се наследува болеста туку предиспозициите за псоријазна реакција, или псоријазниот терен, а за да дојде до клиничка манифестација на болеста потребно е да се исполнат и некои други услови – односно провоцирачките фактори, внатрешни или надворешни (пример – стресни состојби, испореметен метаболизам, фокални инфекции, разни органски и неоргански или функционални пореметувања, хормонални пореметувања и други заболувања, како и други надворешни штетни фактори – хемикалии, отрови и слично).
Тоа значи дека иако се наследува предиспозицијата за псоријазата ако нема провоцирачки фактори, таа може да остане латентна (скриена) цел живот, односно да не се појави како кожна манифестација.
Фамилијарно наследување може да се случи од 5% до 90 %.
Ако е заболен само едниот родител наследноста е со процент од 30% ако двата родители имаат псоријаза наследноста е до 70 %.
Во основа псоријазата се дели на два вида во однос на наследноста и тоа генотипска и фенотипска.
Геностипската е наследна но може да остане како латентна, додека фенотипската е наследна и кожно се манифестира доколку се прифатат провоцирачките фактори.
Се знае дека кај псоријазата се работи за патолошки реакции на кожата на разни трауми, пореметувања на метаболизамот на епидермалните клетки или ензимските односи во нив, така да место обично стварање на корнеалниот слој, бројот на митозите во нив се зголемува за десет и повеќе пати и наместо клетките да траат 30 денови,траат само 4 дена поради што доаѓа да формирање на таканаречени *лоспи* и задебелување на кожата. Со други зборови станува збор за пореметување на пролиферационата кинетика на епидермалните клетки.
Докажано е дека постои поголемо пореметување на биохемиските процеси во епидермалните клетки, како што е зголемена синтеза на протеините, посебно на ДНК, ензимските протеини, гликолитички ензими, како и зголеменост на оксидационите процеси, но сето тоа не се смета како специфичн
Се смета дека псоријазата е и ПСИХОСОМАТСКО заболување, што има и одредено оправдување ако се земе во предвид дека самата болест може да доведе до неуровегетативна лабилност (естетиката, комплексите од нелечливоста, стравот од зараза и сл.)
За алтернативната медицина, псоријазата е проблем и болест на целиот организам а не само на кожата, каде се манифестира.
Искуствата покажуваат дека при постоење на псоријазата, исполнети се повеке од предизвикувачките и пропратни состојби и фактори, како што се – испореметен метаболизам, хормонално пореметување, намалена одбрамбена состојба, поместувања кај ензимските лачења на организмот, поместувања кај трансаминазите, деградационите продукти, липопротенскиот статус, биохемиски пореметувања на метаболизамот во цел организам а и во самите клетки на кожата, психосоматски проблеми кај личноаста со псоријаза, неуротични состојби, пропратни други болести од групата на автоимуните заболувања (лупус, астми, нефросклерози, инсуфициенци и слично). Најчести засилувачи на псоријазата се стресовите, нервозите, сентименталностите и разни други непогоденија.
Алтернативната медицина нуди третман на оваа состојба. Многу важни фактори кои треба да се испочитуваат се психолошкиот, исхраната, третманот со хербални производи и природни масти.