cart-icon0
0,00 ден.
Дома Блог Хранете се правилно, во склад со вашата крвна група

Хранете се правилно, во склад со вашата крвна група

  • Објавено на 4 март 2022
Хранете се правилно, во склад со вашата крвна група

Иако можеби за некои ќе звучи како измислица, исхраната по крвни групи веќе подолго време циркулира по блоговите за здрава храна.

Оригинално развиена од Питер Д’Адамо се состои од индивидуализирана исхрана, достигнување долговечност и постигнување на идеална тежина.

Доколку за прв пат се среќавате со концептот “четири крвни групи, четири видови на исхрана” веројатно имате многу прашања. За некои од нив можеби ќе најдете одговор во овoј пост.

Секоја крвна група содржи генетска порака за однесувањето и исхраната на нашите предци.

Сигурно ја имате слушнато поговорката „Она што е храна за еден е отров за друг”, па така една иста храна не влијае подеднакво на различните крвни групи.

“O” е најстара крвна група, месојади се и се карактеризираат со здрав дигестивен тракт, премногу активен имунолошки систем, нетолерантност кон промени во исхраната и околината, најдобро го поднесуваат стресот преку интензивна физичка активност и им треба ефикасен метаболизам за витка става и енергија.

Немаат многу корист од млечни производи и жита а глутенот и конзумирањето на многу грав и мешунки како и ниското ниво на јод во организамот може да ја наруши витката става.

“A” е вегетаријанска група, имаат чувствителен дигестивен тракт, толерантен имунолошки систем, добро се писпособуваат на пропишаната исхрана и состојбите на живеење, најдобро реагира на стресот преку релаксација (јога) и имаат потреба од растителна исхрана за да останат слаби и продуктивни.

Многу важно за припадниците на оваа група е да ја јадат храната во природна состојба, свежа, чиста и непреработена.

Додека “O” добро напредува и го согорува месото за енергија, “A” го таложи месото во вид на масно ткиво.

Оваа крвна група има најголема корист од лукот, кој е добар и за сите групи.

“Б” имаат силен имунолошки систем, толерантен дигестивен систем, најфлесибилна исхрана, јадат млечни производи, на стрес најдобро реагираат со креативност и имаат потреба од баланс помеѓу физичката и умствената активност за да бидат витки и полни со енергија.

Исхрана за оваа крвна група е избалансирана и го вклучува најдоброто од животинското и растителното царство.

Особено се чувствителни на пченица, пченка, хељда и ‘рж. Како и “А” силно реагираат на домат.

“АБ” е најнова крвна група, многу се прилагодливи, имаат чувствителен дигестивен тракт, премногу толерантен имунолошки систем, најдобро реагираат на стрес и е многу ретка крвна група, современа комбинација на “A” и “Б”.

Па така, припадниците на оваа крвна група можат да конзумираат млечни производи, а и месо, но како и “A” немаат доволно желудачна киселина за да го преработат.

Немаат силна реакција на глутен и жито како останатите, но сепак треба да ги козумираат умерено. Јајцата се добар извор на протеини за оваа група.

Доколку обрнете внимание, вие можеби и ја избегнувате храната која природно ви штети.

Оној кој најдобро го познава вашето тело и неговата реакција на храна сте ВИЕ!

Нека храната биде вашиот лек!