При подготовката на чаевите посветуваме внимание на изборот и обработката на суровините, со цел да се зачуваат природните својства на растенијата.
Во овој пристап ги поврзуваме знаењето за растенијата, долгогодишното искуство и почитта кон природата.
Органското производство подразбира начин на одгледување во кој употребата на одредени синтетички средства е ограничена и се применуваат практики насочени кон зачувување на почвата, природните ресурси и биолошката разновидност.
За нас, затоа, изборот на органски растенија не се однесува само на суровината што влегува во чајот. Тој е поврзан и со начинот на кој растението е одгледувано и со односот кон средината од која доаѓа.
Таквиот начин на производство бара повеќе внимание во различни фази, од одгледувањето и изборот на растенијата до нивната обработка. Поради тоа, органските суровини и производи понекогаш имаат и повисока цена.
Но за нас вредноста на органскиот пристап не е само во производот. Таа е и во настојувањето природните ресурси да се користат поодговорно и да се зачуваат за оние што доаѓаат по нас.
Природата е почетокот на нашите производи. Затоа грижата за неа е дел и од начинот на кој сакаме да ги создаваме.