Смреката, позната по имињата Ојна и Уина, расте на ридски и планински места во Малешевијата, на надморска височина до 1800 метри.
Бара суви и каменести места, каде што расте поединечно или во групи.
Смреката е зимзелена грмушка или разгрането дрво, високо до три метра.
Плодовите се собираат кога се зрели, кога се темносини и имаат восочен налеп.
Собраните плодови се чистат од незрелите и се сушат послани во тенок слој.
Во народната медицина, плодовите се употребуваат како уроантисептично и диуретично средство
Етерското масло дејствува антисептично и против воспалително заради што се дава при заболувања на дишните органи.
Инхалирање на водена пареа со етерско масло добро влијае и при заболувања на горните дишни патишта
Начин на приготвување и употреба:
Една чајна лажица крупно здробени исушени плодови се попаруваат со една чаша жешка вода и садот стои покриен 20 минути
Се процедува и се пијат 2 – 3 мали вински чаши на ден.