Кантарион е билка висока 30‐100 цм која цвета од мај до септември. Лисјата се жолти со точки и изгледаат како да се со дупчиња при светлина (perforatum).
Жолтиот кантарион, подготвен во облик на топол чај, попарок или пак во облик на масло, се препорачува при диспептични нарушувања во системот за варење, при улцерозни состојби на желудникот и на дванаесетпалечното црево, а помага и при менопаузални симптоми.
Кантарионот е познат уште од стари времиња. Ценет е во народната медицина и се користи надворешно против изгореници, исеченици, кожни воспалителни процеси, хемороиди, за зараснување на рани и како антисептик, но голема примена има и за внатрешна употреба, како средство против стомачни заболувања, за подобрување на функцијата на желудникот, црниот дроб, против дијареја итн.
Дејството на надземниот дел од оваа билка е повеќекратно и се должи на нејзиниот сложен хемиски состав.
Има 9‐11 % мешовит танин, во кои преовладуваат катехински, содржи 0,1 ‐0,2 % атарско масло, смоли, антоцијан, црвена боја hypericin, каротени и флавоновидни хетероизиди, хиперозид околу 0,5 %, рутозид, кверцитрозида и други од кои потекнува жолтата боја, холин, витамин C, околу 30 мг. % и трагови од алколоиди.
Етеричното масло содржи кадинена и други сесквитерпена, естари, изовалеријалнска киселина и малку азулен.
За надворешни рани за посекотини, опекотини, хемороиди, за зарастување на рани и како антисептик.
Перорална употреба дифуз како чај за црнодробни болки, желудник, проливи и тн. Дејствата се повеќе поради сложените хемиски соединенија.
Кантарионово масло е традиционален народен лек за луѓето и домашните животни, последните години е прифатен и од научната медицина , ветерина и козметологија.