cart-icon0
0,00 ден.
Дома Блог Бројсов сок

Бројсов сок

  • Објавено на 22 јануари 2022
Бројсов сок

Бројсовата диета против ракот е развиена од страна на познатиот австриски народен лекар, стручњак за народна медицина Рудолф Бројс.

Станува збор за метода на терапевтско изгладување кај заболени од карцином.

Бројсовата терапија со гладување, според искуството на самиот лекар и неговите следбеници до 1980 година е успешно спроведена и има излекувано над 40 000 болни од рак.

Бројсовите сокови во себе не содржат белковини и придонесуваат организмот да почне да ги црпи од самиот тумор, што на крај тоа ќе доведе до негово разградување и со тоа излекување на болниот.

Бројсовата диета подразбира целосно исфрлање од исхраната на цврста храна која во себе содржи белковини во период од шест недели или 42 дена.

Тоа е временски период кој на организмот ќе му овозможи да ги разгради и да ги излачи сите нездрави материи што сме ги внеле во него преку храната, нездравите пијалаци, па дури и оние материи кои сме ги внеле со самото дишење.

По само 21 ден од примената на тоталната терапија, организмот почнува да заздравува и да се опоравува, а по истекот на 42 ден целосно ќе се обнови, под услов прецизно да се придржувате до концептот.

Рецепт за бројсов сок:

Важно е да се напомене дека ефектот на БРОЈСОВИОТ СОК е само доколку за негова подготовка користите органски продукти!

За подготовка на бројсовиот сок се зема следново:

300 грама цвекло,

300 грама морков,

китка магдонос,

корен или китка лисја од пашканат,

2-3 лимона,

500 грама јаболка.

Сето тоа се меле, се полива со 3 литри вода и стои 6 часа.

Се пие 2-3 пати на ден по 150 до 200 милилитри на празен желудник.